Автор Тема: Современа Македонска Поезија  (Прочетена 8889 пъти)

0 Потребители и 1 Гост преглежда(т) тази тема.

Неактивен ЛефторовTopic starter

  • Forum Member
  • **
  • Публикации: 150
  • Пол: Мъж
  • Тоа што нема да ме убие, ме прави посилен
  • Religion: None None
Современа Македонска Поезија
« -: 18 Юли 2009, 08:23:01 »
Нешто од современата македонска поезија да доближам до вас. Верувам дека љубителите на поезијата ќе ја забележат уметничката вредност, а оние кои се поклоници за Македонија ќе го приметат македонското.

Ленка – Кочо Рацин

    Откако Ленка остави
    кошула тенка ленена
    недовезена на разбој
    и на наломи отиде
    тутун да реди в монопол –
    лицето и се измени
    веѓи паднаја надолу
    и усти свија кораво.

    Не беше Ленка родена
    за тија пусти тутуни!
    Тутуни – жолти отрови
    за гради – китки розови.

    Прва година помина
    грутка в срцето и легна,
    втора година намина
    болест ја в гради искина.
    Трета година земјата
    на Ленка покри снагата.

    И ноќе кога месечко
    гроб и’ со свила виеше.
    Ветерчок тихо над неа
    жална и тага рееше:
    „Зошто ми, зошто остана
    кошула недоткаена?
    Кошула беше даровна...“
 

Неактивен ЛефторовTopic starter

  • Forum Member
  • **
  • Публикации: 150
  • Пол: Мъж
  • Тоа што нема да ме убие, ме прави посилен
  • Religion: None None
Re:Современа Македонска Поезија
« Отговор #1 -: 18 Юли 2009, 08:25:36 »
ОЧИ -Ацо Шопов

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.

Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.

Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела - згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души..."

И кога ко игла ти прободе уши -
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!

Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна, -
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна...

И после! И после - в последната вечер...
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.

А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов - кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила -
ко елени брзи и лесни ко птица.

А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица...

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.
 

Неактивен ЛефторовTopic starter

  • Forum Member
  • **
  • Публикации: 150
  • Пол: Мъж
  • Тоа што нема да ме убие, ме прави посилен
  • Religion: None None
Re:Современа Македонска Поезија
« Отговор #2 -: 18 Юли 2009, 08:26:38 »
Мојата омилена  :)

Денови – Кочо Рацин

    Како на вратот ѓердани
    ниски камења студени,
    така на плешки денови
    легнале та натежнале.

    Денови ли се – денови
    аргатски маки големи!
    Стани си утре порано
    Дојди си вечер подоцна,

    наутро радост понеси
    навечер тага донеси –
    ај, пусти да е, пуст да би
    остана живот кучешки!

    Роди се човек – роб биди
    роди се човек – скот умри,
    скотски цел живот работи
    за други, туѓи имоти.

    За туѓи бели дворови
    копај си црни гробови!
    За себе само р’гај си
    за себе маки тргај си –

    нижи си ѓердан денови
    нижи си алки ковани,
    нижи си синџир железен
    околу вратот навезен!
« Последна редакция: 18 Юли 2009, 08:28:10 от Лефторов »