Нешто на кое треба сите да сме горди :) линкот
тукаРазликите се одлика на демократијата, нив ги има и меѓу Македонците во Република Албанија, без нив би немало потреба од партија. Првиот Конгрес на Македонска алијанса за европска интерграција одржан на 25 арил годинава во Тирана, демонстрира единство и братство. Сите одлуки беа донесени со речиси апсолутно мнозинство. Изборот на претседателот на партијата беше извршен со тајно гласање меѓу двајца кандидати, Едмонд Темелко и Таќо Гроздан. Победи Едмонд Темелко со двотретинско мнозинство од вкупните делегати, се вели во демантот на Македонска алијанса за европска интеграција за невистинитите наводи објавени во дневниот весник “Нова Македонија“, под наслов “И во странство сме поделени“.
Во текстот пишува дека “најновиот случај на расцепување на македонските партии е во Албанија. Таму се најавува формирање нова партија на Македонците откако конгресот на Македонска алијанса за европска интеграција на виделина ги исфрли несогласувањата меѓу партиските членови. Таќо Гроздан, поразениот кандидат за претседател на партијата, вели дека новата партија би можела да се формира по парламентарните избори во Албанија, кои се закажани во јуни, како и тоа дека повеќе од половина од членовите веќе најавиле дека нема да учествуваат во партиските активности поради незадоволството од начинот на кој Едмонд Темелко беше избран за претседател“.
Во демантот од раководството на партијата исто така стои дека нема никаква најава за формирање на нова политичка партија на Македонците во Албанија, ниту таква ќе се формира, пренесува Нетпрес.
“Не постои незадовослство меѓу членовите на партијата, напротив сите членови едногласно донесоа одлука на парламентарните избори да се излези со кандидати Македонци кои живеат во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција со свои кандидати за пратеници ќе излези во сите изборни единици низ цела територија. Со ова сакаме да покажеме дека не не има Македонци само во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора туку дека не има низ цела албанска територија. За првпат во историјата ќе се слушне гласот и орото македонско низ целата територија на Албанија. Нашата изборна кампања е насочена со изворни ора и песни Македонски да му се покаже на Македонците во Албанија дека имаат сопствена матична партија. Партија кој ќе се бори за правата на Македонците“, велат од партијата.
Претседателот на УМС на МАЕИ, Васил Стерјовски изјави дека партијата има фарбано неколку возила со слогани и симболот на партијата каде со нив ќе се оди од врата до врата да се објасни и да дознаат Македонците во Албанија дека постои Македонска партија.
“Таќо Гроздан кој беше кандидат за претседател на партијата, бидејќи изгуби со двотретинско мнозинство во тој момент не можеше да го прифати и да му честита победа на Едмонд Темелко. Но за доброто на партијата како и за да се покаже единство мнозинството на партијата се одлучи Гроздан да биде генерален секретар на партијата“.
Македонската партија во Албанија ја подржува борбата на Македонците во Република Бугарија и Република Грција за нивните човекови и граѓански права и слободи, и покрај некогаш евидентните поделби како резултат на делувањето на балканските разузнавачки служби.